Вучиќ: Србија е подготвена да ја намали зависноста од рускиот гас

Од:

Србија ќе ги послуша повиците на САД за намалување на зависноста од рускиот гас и за приклучување кон проектот за изградба на гасовод за дистрибуција на енергенсот од Азербејџан за Европа, кој е поддржан од Вашингтон, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Во името на сопствената енергетска безбедност, Србија е подготвена да ги диверзифицира своите извори на гас, нешто што им е исто така важно и на нашите американски пријатели, изјави Вучиќ во интервју за АП, чии делови пренесува БТА.

САД се залагаат за изградба на гасовод од Азербејџан до Европа, преку турска територија, и бараат балканските земји да се ориентираат кон овој алтернативен систем за пренос на гас, наместо да се надеваат на рускиот проект „Турски поток“. Западот ја обвинува Русија дека го користи гасот како инструмет за засилување на политичкото влијание врз земји каква што е Србија, наведува агенцијата.

Таа оценува дека ваквата изјава на Вучиќ претставува „голем пресврт“ во политиката на Србија, која важи за традиционален сојузник на Русија и која не се приклучи кон западните санкции кон Москва поради кризата во Украина.

Во врска со изјавите на некои западни претставници дека Србија треба да реши кон каде ќе оди – кон ЕУ или кон приближување со Русија, Вучиќ во интервјуто вели дека „не станува збор за никакво балансирање“.

– Наша стратешка цел е патот кон ЕУ и ние цврсто стоиме на тој пат, Но, да, од друга страна би сакале да ги задржиме добрите односи и со Русија. Во тоа нема ништо лошо, додава српскиот пермиер, нагласувајќи дека ваквиот став му го пренел и на рускиот претседател Владимир Путин.

Според Вучиќ, за Србија од голема важност се и добрите односи со САД.

– Вашингтон, секако, е ислкучително важен за нас и ние се надевеме дека тој ќе ги поддржи нашиот европски пат и економски реформи, кои се од огромно значење за нашата земја, потенцира Вучиќ, кој на почетокот на јуни ќе отпатива во посета на САД.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда