Вучиќ: Состојбата на Дачиќ е „нешто подобра“

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во авионот на пат за Казахстан изјави дека состојбата на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е „нешто подобра“, откако го посети утрово.

– Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека состојбата е некако подобра. Верувам во него, а сега насоката е Казахстан за одлични резултати за нашата Србија, напиша претседателот на својот Инстаграм профил.

Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, иако претпазливоста останува.

„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат, а ние одиме во Казахстан, каде што во моментов е минус 30, па се подготвуваме да одговориме на студот малку поинаку, а што е многу поважно е што очекуваме топло добредојде, прекрасно добредојде“, рече Вучиќ во обраќање на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно

Вучиќ: Успеавме да ја одбраниме Србија, од нас зависи дали ќе им подадеме рака на противниците

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ