Српскиот претседател и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ најави дека го напушта раководството на партијата и основа движење за Србија, а на опозицијата и порача дека нема да ја менува власта на улица.
Вучиќ пред десетици илјади свои поддржувачи во Белград ја повика опозицијата на дијалог, но посочи дека „се додека е жив“ нема да има преодна влада.
Десетици илјади приврзаници на српскиот претседател Александар Вучиќ се собраа во петокот вечерта во центарот на Белград, откако масовните граѓански протести против насилството во последните недели сериозно го разнишаа неговото долгогодишно владеење.