Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека секоја блокада е чисто насилство и тиранија и дека граѓаните сè повеќе ја осудуваат и се спротивставуваат на неа, како и дека државата во одреден момент ќе избере кога да одговори на насилството.

Вучиќ, посетувајќи ги градежните работи на автопатот Е-763 „Милош Велики“, на делницата Прељина-Пожега, рече дека не може да се спречи некого да си ја врши работата и дека луѓето гледаат дека ова е малтретирање и дека секој ден сè повеќе го осудуваат и се спротивставуваат на тоа.

„Во одреден момент, државата ќе го избере моментот кога ќе одговори на насилството. Доколку можеме да толерираме малтретирање и насилство, добро е да дозволиме тоа да се покаже, добро е луѓето да го видат тоа. Во моментот кога повеќе нема да можеме да толерираме малтретирање и насилство, тоа ќе биде крај“, рече Вучиќ, коментирајќи го фактот дека студентите во блокадата најавија радикализација на протестот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Убиството на Ѓинѓиќ беше огромна трагедија за земјата

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Вучиќ: Состојбата на Дачиќ е „нешто подобра“

Горан Наумовски

Претседателот Вучиќ го посети Дачиќ: Се молиме за него

Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Горан Наумовски