Претседателот на Србија, Александар Вучиќ зборуваше на неколку актуелни теми меѓу кои, епидемијата со коронавирусот, одликувањата кои ги врачи вчера на истакнати личности и институции, но и за изборите во САД.
Како што рече тој, властите во Србија ќе се обидат да обезбедат вакцини за оние кои се најизложени и кои се изложени на ризик од инфекција до крајот на јануари.
Станува збор за 1,8 милиони дози, кои најверојатно ќе бидат од „Фајзер“, но во тек се преговори и со кинески и руски партнери.
„Пред крајот на декември треба да ги имаме првите вакцини против коронавирус“, рече српскиот претседател на прес-конференцијата и додаде дека државата ќе ги прифати сите мерки на Кризниот штаб кога станува збор за спречување на пандемијата, затоа што здравјето на луѓето е најважно.
Претседателот потсети дека главен приоритет на власта ќе остане економијата.
Тој изјави дека и за време на епидемијата, Србија ќе има најголем економски раст во светот со 3,1 отсто.
Вучиќ најави реновирање на повеќе болници низ државата со цел да се заштити здравјето на граѓаните.
Српскиот претседател ја поздрави Мини-Шенген иницијативата и рече дека таа е од голема важност за целиот Балкан, но пред се за донесување на економски развој и стабилност во соседните држави.
„Очекуваме за седум дена Косово да се придружи на Мини Шенген иницијативата каде заедно ќе соработуваме“, рече Вучиќ.