Вучиќ: Потребни се големи вложувања во енергетиката и реформи

Од:

Во енергетиката се потребни големи реформи, промена на навиките и огромни вложувања наредните години во износ меѓу 16 и 30 милијарди евра, порача српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на конференцијата Можности за инвестиции во ОИЕ на Западен Балкан, на која учествува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, со премиерите на Албанија, Црна Гора и БиХ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што кажа Вучиќ, не постојат лесни ниту едноставни решенија, но сето тоа мора да се преземе, оти во спротивно ќе се соочиме со катастрофа.

-Србија мора да прави реформи, да менува навики и да работи на поинаков начин и затоа побара помош од пријателите од Норвешка кои понудија некакви решенија.

Тој наведе дека Србија во следните 10 или 15 години ќе треба да инвестира меѓу 16 и 33 милијарди евра во енергетскиот сектор, што значи дека најголемиот предизвик за сите идни влади во регионот ќе биде подобрувањето на енергетскиот сектор.

Можеби само здравството е исто толку важно како енергетскиот сектор, рече Вучиќ и додаде дека земјите од регионот знаат дека мора подобро да се поврзат и дека мора да се изградат нови интерконектори за гас и цевководи за нафта.

Вучиќ изјави дека ова е можност да се зголеми БДП на земјите од регионот и нивниот економски раст, истакнувајќи дека ќе биде тешко да се држат под контрола јавните финансии.

Тој посочи и дека буџетот за следната година е подготвен со ММФ, кој предвидува дефицит од 3,3 до 3,4 отсто, што, како што посочува, „не е добро, но релативно во ред“.

-Од тоа, 45 отсто отпаѓаат на нашата расходна страна, кога станува збор за снабдувањето со енергија, што покажува колку таа стана важна, рече тој.

Тој истакна дека Србија денес ќе потроши повеќе од 2,5 милиони евра за увоз на електрична енергија од европската мрежа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Србија го добива најголемиот рудник за литиум во Европа

Вучиќ: Ни треба компромисно решение за Косово

Горан Наумовски

Вучиќ во ОН: Вистината не е еднострана, резолуцијата ќе стави белег на челата на жртвите

Горан Наумовски

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите во Јасеновац

Горан Наумовски

Вучиќ објави пост за Фицо, па уследија закани по неговиот живот

Горан Наумовски

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Горан Наумовски