Вучиќ по масовните протести: Ако сакате избори, ќе има избори, ако не, тогаш се е добро

Од:

Пртетседателот бна Србија, Александар Вучиќ по синоќешните масовни граѓански протести во Белград, денеска изјави дека на опозицијата и нуди избори, сметајќи дека на нив ќе може да покаже колку е „моќна и силна“.

– Јас им нудам избори. Сметам дека, кога се толку моќни и силни, сакаат избори. Тоа веројатно е природно барање на опозицијата – да сакате избори. Не мислите дека постои друго место каде што луѓето треба да ги бројат своите идеи, планови, програми и сè друго, истакна Вучиќ пред новинарите во Претседателството на Србија.

Вучиќ и порача на опозицијата дека ако сака избори, тогаш ќе ги има.

– Ако сакате избори, ќе има избори. Ако неќете избори, тогаш се е добро… Шетање, протести, тоа е во ред и јас секогаш го поддржуваме тоа, посочи Вучиќ.

Тој додаде дека бројот на учесници во протестите под слоганите „Стоп на крвавите кошули“ и “Еден од пет милиони“ може прецизно да се преброи, но дека тоа не е суштината, туку да видиме што друго се може уште да се направи за Србија, а не непотребно да се троши енергијата на „неважни содржини“, кои не заслужуваат внимание.

Вучиќ на прес-конференцијата во Претседателството рече дека Приштина во неколку фази до март ќе ги избрише границите со Албанија и ќе се обиде да ја доведе меѓународната заедница до свршен чин.

– До крајот на март тие ќе го направат тоа и кога ќе го направат тоа, откако ќе ги избришат границите, тогаш ќе ги укинат таксите и ќе кажат: Ние сме подготвени да разговараме, но од друга позиција, од позицијата на обединета Албанија и Косово, наведе Вучиќ.

Тој истакна дека на меѓународната заедница и претходно и посочувал на такво сценарио, но дека немало реакција.

Вучиќ праша „каква би била реакцијата на меѓународната заедница, ако тој најави дека се брише границата со Република Српска“ и оцени дека тоа е знак да на некому му пречи силна Србија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања