Вучиќ отпатува за Москва, в петок се среќава со Путин

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, пренесува Спутник.

Тој во петок треба да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин, како што соопшти Кремљ.

Бидејќи Летонија и Литванија му забранија на српскиот претседател да лета за Москва, а властите на тие две земји како причина за забраната ја наведоа „политичката чувствителност на целта на летот“, не е познато со кој воздушен коридор Вучиќ отишол во главниот град на Русија.

На 9 мај Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.

Претседателот на Србија утрово се врати на работните обврски, по здравствените проблеми што ги доживеа за време на престојот во САД.

Во Претседателството на Србија тој се сретна со рускиот амбасадор во Србија Александар Ботсан-Карченко и со британскиот амбасадор Едвард Фергусон.

Би можело да ве интересира

Објавен разговор меѓу Орбан и Путин: Подготвен сум да помогнам на секаков начин, како глушец на лав

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

(ВИДЕО) Путин: „Сакаме овој конфликт да заврши што е можно поскоро“

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април