Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Од:

Новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула може да дојде во Србија, но претходно мора да се извини за она што го кажа за Србија и за неа треба да говори со многу поголема почит, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Ќе мора да зборува многу поубаво за Србија, со многу поголема почит, за да го исполни условот и да се квалификува да дојде кај мене“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва, пренесува Хина.

Вучиќ очекува Пицула „да ја каже вистината, а не да лаже како што кажа и да се извини за овие сериозни и лажни обвинувања, а потоа ќе може да разговара со мене“.

Наведувајќи дека Пицула барал санкции против Србија и прекин на преговорите со Европската унија, Вучиќ рече дека ја обвинил и Српската православна црква „за тероризам“ и ја нарече како дел од некои „црни раце“.

Вучиќ за Пицула изјави дека тој е човек кој „зборувал против Србија, против резолуцијата за Јасеновац и повикал на усвојување на резолуцијата за Сребреница“.

„Тој отсекогаш имал антисрпска политика“, рече претседателот на Србија и рече дека не е негова обврска да се сретне со човекот кој повика на санкции кон Србија и ја обвини СПЦ за тероризам.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Доколку стапат на сила санкциите против НИС, ќе го чекаме одговорот на Русија и потоа ќе реагираме

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Вучиќ: Изложени сме на терор, Шарената револуција се подготвуваше со години

„Извинете браќа Македонци“ – реакции од Србија откако Вучиќ се шеташе меѓу пациентите со изгореници

Катерина Ѓуровски