Вучиќ: Нема никаков договор за поделба на Косово

Од:

Српскиот претседател, Александар Вучиќ ги отфрли како неточни тврдењата на германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ дека ЕУ и САД усогласиле договор од 17 точки за решевање на косовското прашање, кој предвидува поделба на Косово и размена на територии меѓу Белград и Приштина.

– Нема никакви мапи. Нема ништо, затоа што ние не ни преговарме. Нема ниту една точка, а како ли 17, изјави Вучиќ, додавајќи дека тој ги штити интересите на Србија и на српскиот народ посилно, отколку некои други политичари, кои само зборуваат, а не сториле ништо.

Вучиќ нагласи дека написот во „Франкфуртер Рундшау“ најверојатно е „препишан од албанските медиуми“, додавајќи дека е можно негови автори се премиерот и претседателот на Косово, Рамуш Харадинај и Хашим Тачи.

„Франкфуртер Рундшау“ објави дека ЕУ и САД усогласиле текст на спогодба за решавање на косовското прашање, насловена Договор за нормализација на односите, што би требало да биде потпишан од страна на високи претставници на Србија и Косово на 12 јуни во Вашингтон, а би стапил во сила шест месеци подоцна.

Весникот наведува дека договорот предвидува „повлекување нови граници меѓу Албанците и Србите во северно Косово“, кое би било прклучено кон Србија, додека кон Косово би биле „припоени местата во Србија претежно населени со Албанци“.

Според „Франкфуртер Рундшау“, Косовска Митровица би добила „специјален статус“, Газивода и Трепча „би биле приватизирани на 99 години и ставени под управа на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН“, додека Коридорот 10 во јужна Србија „би бил ставен под меѓународна заштита“.

Германскиот весник посочува дека Белград и Приштина се изложени на притисок кој постојано расте за да го прифатат ваквиот договор.

Според весникот, идејата за „етничка промена на границите“ уште од август минатата година ја поддржуваат еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, а сега за неа доаѓа поддршка и од Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која „направила пресврт во ставот за ова прашање за 180 степени“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Нема да се занимаваме со глупостите на Вучиќ, исполнете ги барањата на студентите, реакција на српската опозиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вучиќ побара на референдум да се гласа за можноста за негова смена

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски