„Некаков договор постигнавме, јас сум задоволен, неколку точки договоривме и тие ќе станат дел од преговарачката рамка за Белград и за Приштина, а Европскиот совет ќе ја донесе одлуката за таа рамка. Се надевам дека Приштина ќе пристапи кон формирање на Заедница на српски општини, а напредокот на Србија кон ЕУ ќе се цени според имплементацијата на договорот расчленет во неколку точки“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Една од клучните точки е дека Европскиот совет на патот на сериозниот процес кој тукушто започна, ќе проценува колку кој сработил од имплементациониот план. Во тој план ние примивме на знаење дека тоа независно ќе се цени за секоја страна.
За нас е важно дека како приоритет во рамки на дијалогот е ставено формирањето на Заедницата на српски општини и за тоа сум задоволен. Уште се говори за исчезнатите лица од Косово, а освен тоа, тој план ќе се надоградува, Знам дека косовската страна ќе зборува дека не сум потпишал ништо, но и јас и Курти ги прикажавме црвените линии, а сепак направивме напредок иако не беше ден Д, сепак беше добар ден.
Јас утре секоја од точките ќе ја претставам во Србија, а од понеделник ќе разговарам со пратеничките групи за да постигнеме договор дали планот ќе оди преку парламентот.
Се надевам дека Приштина ќе оди веднаш кон формирање на Заедницата на српски општини, а нашиот напредок кон ЕУ ќе биде ценет и според тоа што сме постигнале во однос на имплементацијата на планот“, рече Вучиќ и додаде дека нема да се меша во тоа какви оценки ќе даде шефот на европската дипломатија Борел.
„Сепак, ако е можно така да се каже, имам трошка задоволство и наспроти несогласувањата, имавме пристоен и коректен разговор“, заклучи српскиот претстедател Александар Вучиќ.
Во врска со неколку слични новинарски прашања, Вучиќ поедноставено одговори: „ЕУ ќе цени дали Приштина формирала Заедница на српски општини и ќе рече, нема напредок, а нас ќе не цени по други прашања и ако не спроведуваме, ќе рече, нема напредок за Србија“.