(ВИДЕО) Вучиќ: Нашите сили никогаш не ја минале границата, ако ја поминат нема да се вратат

Од:

Дадовме се од себе за да го зачуваме мирот, но колку и да се трудевме да бидеме сериозен и одговорен партнер на западните сили, тие никогаш не не гледаа така, рече претседателот Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста. Веќе немаме излез, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија посочи дека српските сили никогаш не ја преминале административната линија и дека доколку тоа се случи, тие нема да се вратат.

Вучиќ посочува дека против Србија се води хибридна војна, а западните земји дозволуваат да бидат малтретирани Србите.

„Што и да правиме, колку и да сме фини и конструктивни, да се обидуваме да ја подобриме позицијата, да најдеме решенија, суштински никогаш нема да ни помогнат. „Не можеме да ги запреме нивните постапки, суверена држава е“. Па зошто доаѓате“, праша Вучиќ.

Сè кај нив, додава Вучиќ, се сведува на тоа дека нема повелба на ОН и резолуција на ОН кога е во прашање Србија, на која толку трескавично се повикуваат кога станува збор за Украина.

Вучиќ изјави дека години наназад Србија на секој начин се трудела да го зачува мирот, стабилноста и економски да напредува.

„Нашата земја навистина даде сè за да биде така, да го зачува мирот, да ја направи земјата да напредува најбрзо во историјата. Сепак, колку и да се трудевме да бидеме сериозен и одговорен партнер на западните сили, ние сме на Европски пат, целосно отворен за вас зборувам, никогаш не не гледаа така ако не им го служевме секое барање безусловно, секогаш ќе бевме виновни, дури и да немавме никаква вина“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Некаков договор е постигнат, формирањето на Заедницата на српски општини е обврзно

Катерина Ѓуровски

Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид

Вучиќ: Ќе одам во Брисел кога ќе се формира Заедницата на српски општини

Вучиќ на средба со претставници на ЕУ, САД, Германија, Франција и Италија

Средба Пленковиќ-Вучиќ во Давос

Вучиќ утре на средба со Ескобар и со Лајчак