Вучиќ утре на средба со Ескобар и со Лајчак

Од:

Претседателот Србија, Александар Вучиќ, утре ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина и другите регионални прашања на Западен Балкан Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.

По оваа средба е предвидена трилатерална средба меѓу претседателот Вучиќ и специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.

Лајчак во текот на денот во Брисел ќе го информира политичкиот комитет на ЕУ за состојбата на терен, но и со текстот на ажурираниот предлог на ЕУ за решение на односите меѓу двете страни. Како што најави вчера шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Лајчак ќе направи длабинска анализа на тој предлог со амбасадорите, пред да замине со него во Србија и Косово, соопшти белградска Н1.

Лајчак нема многу време, бидејќи треба да се врати и да го информира Борел за резултатите од посетата на регионот, за да тој може да ги информира шефовите на влади и земјите-членки на ЕУ за тоа на самитот на Европскиот совет во четврток.

Во четврток Европскиот совет ќе ја разгледа ситуацијата во Западен Балкан, ќе ги повика политичарите од регионот да дадат резултати како доказ за политичката волја за проевропските реформи. Се очекува и да дадат зелено светло на препораките Босна и Херцеговина конечно да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Курти на средби со Лајчак и Ескобар

Катерина Павлова-Николовска

Ескобар: Не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот, туку да го поддржи евроатлантскиот пат на С. Македонија

Ана Ололовска

Лајчак: Загрижен сум за она што го слушнав на северот на Косово

Ескобар: Договорот во Охрид е за регионално помирување и забрзан влез на Западен Балкан во ЕУ

Вучиќ: Некаков договор е постигнат, формирањето на Заедницата на српски општини е обврзно

Катерина Павлова-Николовска

Ескобар: Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот