Средба Пленковиќ-Вучиќ во Давос

Од:

Премиеро на Хрватска Андреј Пленковиќ и претседателот на Србија Александар денеска имаа средба на Светскиот економски форум во Давос.

„За време на Светскиот економски форум во Давос, со претседателот на Србија, Вучиќ разговарав за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји. Покрај политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се вложат дополнителни напори за решавање отворени прашања“, напиша Пленковиќ на Твитер по средбата.

Се огласи претседателот на Србија на Инстаграм. „Многу коректен разговор со Андреј Пленковиќ за српско-хрватските односи. Верувам дека во периодот пред нас ќе успееме да постигнеме напредок и на економски план и во политички односи“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски-Пленковиќ: Силна поддршка од Хрватска за членство на С. Македонија во ЕУ

Ана Ололовска

Пленковиќ во официјална посета на Северна Македонија

Ана Ололовска

Пленковиќ: Да, Хрватска ќе го уапси Путин

Вучиќ: Некаков договор е постигнат, формирањето на Заедницата на српски општини е обврзно

Катерина Павлова-Николовска

Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид

Вучиќ: Ќе одам во Брисел кога ќе се формира Заедницата на српски општини