Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, оцени дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се насочени кон Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.

– По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Албин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот – составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите, напиша Борел на Твитер.

Борел, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак има одвени средби во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер

Албин Курти, по што е предвидена планирана трилатерална средба.

Би можело да ве интересира

Курти: Белград е виновен за ескалацијата на северот на Косово

Борел за состојбата на Косово: Насилството мора да се осуди, а сторителите да се изведат пред лицето на правдата

ЕУ: Aвионите Ф-16 ќе завршат на украинското бојно поле

Борел: Без поддршка од Западот, Украина би морала да се предаде за неколку дена

Курти се согласи за формирање на СЗО

Борел: Ако Белорусија прифати руско нуклеарно оружје, тоа е неодговорнa ескалација