Вучиќ не се откажува од денот на сеќавање на сите жртви во поранешна Југославија

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека не се откажува од идејата за заеднички ден за сеќавање на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија.

– Никогаш нема да се откажеме од идејата за заеднички ден за сеќавање на сите жртви на војните на територијата на поранешна Југославија. Горд сум на таа иницијатива и верувам дека кога тогаш, дури и за две до три години, регионот ќе се помири, изјави Вучиќ.

Тој за денешното издание на „Курир“ истакна дека не е помалку вредна која било српска жртва од бошњачката или хрватската, ниту пак другите жртви се помалку вредни од српските.

– Мојата намера не беше да кажам некому кои празници ќе ги слави, секој има право на свои празници. Некои од тие празници не се по наша волја, но никогаш не сме им се мешале. Само замолив во 365 дена да имаме еден заеднички ден, сите тие жртви на просторот на поранешна Југославија да имаа еден заеднички ден, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека е целосно уверен оти неговата иницијатива ќе го здогледа светлото на денот и ќе добие зелено светло во регионот и оти само е потребно да се смират страстите.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога