Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина.

Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со договорот меѓу Атина и Скопје за идното име на македонската држава, Вучиќ истакна дека тоа се внатрешни прашања, во кои тие не се мешаат:

– Ние не се мешаме во внатрешните односи и сакаме ова прашање мирно да се реши, истакна Вучиќ.

Српските медиуми пренесувајќи ја оваа изјава на Вучиќ пишуваат дека премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се согласиле дека името на македонската држава ќе биде Република Северна Македонија, а македонскиот претседател одбил да го потпише договорот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија