Српскиот претседател Александар Вучиќ на затворениот дел од седницата на Српската напредна партија (СНС) најавил дека ќе се повлече од лидерската позиција во партијата, додавајќи дека на неговото место мора да дојдат млади.
Една од клучните пораки кои лидерот на СНС и претседател на Србија ги испрати од седницата на главниот одмор на партијата се за решавање на косовското прашање. Вучиќ рече дека преговорите со Приштина се во ќорсокак, но дека има нови моменти кои бараат да се истражи теренот.
Вучиќ обраќајќи се на неговите сопартијци на отворениот дел од седницата рече дека неговата политика Србија да сочува доста на Косово и Метохија очигледно не победила, но дека ќе продолжи да се бори.
– Во затворениот дел, главна тема беше најавата на Вучиќ дека од 2019 година веќе нема да биде претседател на партијата, дека мора да дојдат млади лица. Сите кои се јавија за збор говореа дека Вучиќ сепак треба да остане лидер. Тоа и не е толку чудно, бидејќи голем дел од функционерите кажуваат дека се во СНС поради Вучиќ и дека најверојатно ќе си заминат, доколку си оди и тој. Вучиќ на затворениот дел не се задржа долго, брзо ја напушти седницата поради неговите обврски како претседател, раскажал член на СНС за „Блиц“.
Вучиќ ги критикувал партиските функционери бидејќи не реагирале на повикот за силување на премиерката Ана Брнабиќ, додавајќи дека партијата мора да има борци, кои ќе се борат со зборови, идеи, со силите на аргументите за нормална Србија.
– Србија не е нормална, доколку некој сака со сила да дојде на власт, доколку силувањето се пропагира како најголема вредност. Како реагиравме кога еден од лидерите на опозицијата ѝ се закани на премиерката, која вие ја избравте тука, со силување? Згрозен сум, не сакам да им се закануваат на нашите сестри, ќерки, мајки со силување. Србија не е земја на силувачи, нема да го дозволиме тоа, рече Вучиќ.
Тој критикуваше и одредени функционери на СДСН замерувајќи им дека премногу се занимаваат со себепромоција.