Вучиќ најави заострување на мерките и соопшти дека е за воведување на полициски час

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека утре ќе заседава Кризниот штаб и веројатно нема да биде воведен полициски час, но мерките ќе бидат заострени во Белград, нагласувајќи дека не добил поддршка да се воведе полициски час, но тој и понатаму смета дека тоа треба да се направи.

Вучиќ на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа се потврдени 357 новозаразени, а 11 луѓе починале. Според него, Белград е најголем проблем и бројот на заболените се зголемува, а во врска со мерките имал претходни тешки разговори со премиерката Ана Брнабиќ и со министерот за здравство Златибор Лончар.

Тој укажа дека и понатаму смета дека полицискиот час е неопходен, имајќи ја предвид тежината на ситуацијата и дека во болниците веќе нема слободно место, но и дека за забрана на движењето е потребно да се воведе вонредна состојба.

– На овој начин се плашам дека им одиме на рака на сите кои сакаат да им се додворат на луѓето, а тоа нема да доведе до брзо оздравување и спречување на заразата, предупреди Вучиќ, додавајќи дека морал јавно да го изнесе својот став, па дури и да биде мета на напад.

Шефот на српската држава изјави дека „ќе го почитува и прифати мислењето на струката, дури и по она што се случи синоќа“, објаснувајќи дека силата на неговиот тим е во тоа дека не одлучува тој сам, туку го почитува мнозинството и колегите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Нема да се занимаваме со глупостите на Вучиќ, исполнете ги барањата на студентите, реакција на српската опозиција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вучиќ побара на референдум да се гласа за можноста за негова смена