Вучиќ најави парични награди за вакцинираните против ковид

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани против коронавирус. Помошта ќе изнесува 3.000 динари.

Како што посочува, сите над 16 години кои ќе бидат вакцинирани со една или две дози до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари објавија српските медиуми.

„Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки за оние кои нема да примат вакцина, размислувавме како да ги наградиме вакцинираните“ – вели Вучиќ.

Целта, како што рече, е да се наградат оние што покажале одговорност, како и да ги поттикнат другите да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он