Вучиќ најави нови договори со Кина за повеќе инфраструктурни проекти

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба со членот на кинеското Политбиро при централниот комитет на Комунистичката партија, Јанг Џиечи рече дека новите договори кои Белград ќе ги потпише со Пекинг треба да ги решат повеќедецениските проблеми на српскиот народ.

„Нашите две земји се пријателски расположени и ние развиваме соработка во сите сфери на општеството. Нема да ја заборавиме посетата на претседателот Си кога беше обезбедено работно место за 5.000, или индиректно дури за 12.000 луѓе во Смедерево. Нашата трговска размена расте од година во година, а оваа дури ќе го надмине нивото на претходната и покрај пандемијата со Ковид-19“, изјави Вучиќ.

Тој, исто така, му се заблагодари на гостинот од Кина за специјалната порака што ја добил од претседателот на земјата, Си Ѓинпинг, но пред јавноста, Вучиќ не сакаше да ја открие содржината.

Претседателот на Србија изрази и благодарност до Комунистичката партија на Кина за „поддршката на интегритетот, независноста и автономијата на Србија“.

„Ние сме навикнати на притисоци, но сепак го одржуваме пријателството со Кина и тоа ќе продолжи да трае“, додаде Вучиќ.

На средбата со високиот кинески претставник, Вучиќ соопшти дека по завршување на пандемијата со Ковид-19 ќе очекува претседателот на Кина да ја посети неговата земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции