Вучиќ: Му благодарам на Заев за храброста да влеземе во добра иницијатива и пријателството меѓу двете држави

Од:

Му благодарам на Зоран Заев и Еди Рама, на храброста да влеземе и да направиме најдобра иницијатива која ќе го смени лицето на Балканот, од чие име не се срамиме, иницијатива која ќе донесе многу добри работи за нашите граѓани, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференцијата во Тирана на Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

-Јас со наследникот на Зоран Заев, Димитар Ковачевски, разговарав, каде тој ми посочи пример за еден негов роднина, која работел за германска фирма во Краљево, каде ние моравме секој месец да му издаваме пет разни дозволи, да го малтретираме човекот…Повеќе тоа нема да биде. Ако имате работна дозвола во Краљево и Белград, со тоа ќе имате работна дозвола да работите и во Скопје и во Тирана. Со тоа завршивме и со бирократските препреки, изјави Вучиќ.

Тој му се обрати на премиерот Заев, изразувајќи му благодарност.

-Тебе многу ти благодарам за се, на огромниот труд, иако знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблогадарам за се што направи и за пријателството меѓу Србија и Северна Македонија, за трите земји, на што работеше и градеше, и да му посакам добредојде на господинот Ковачевски, изјави Вучиќ, најавувајќи нов самит на Отворен Балкан во мај или јуни во Белград.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“