Вучиќ: Митингот на 26 мај не смее да биде митинг на омраза, туку на надеж

Од:

Претседателот на Србија и на Српската напредна странка, Александар Вучиќ, денеска изјави дека митингот закажан за 26 мај не смее да биде митинг на омраза, туку митинг на надеж.

„Ова не смее да биде собир на омраза. Тој собир мора да биде спротивен од тоа што го прават некои други“, изјави Вучиќ по седницата на Претседателството на СНС.

Тој посочи дека на 26 мај нема да има состанок на СНС или СПС, туку дека на него се поканети сите добри луѓе.

Вучиќ додаде дека на тој собир ќе се покаже патот на Србија напред, во иднината.

„Мораме да ја убедиме Србија дека не само што ќе опстанеме, туку и дека ќе може да напредуваме уште побрзо“, рече тој.

Вучиќ додаде дека верува дека тоа ќе биде најголемиот собир досега одржан во Србија, не сметајќи го оној во Газиместан.

– За нас е важно на овој собир на надежи на 26 мај, со почеток во 19 часот, да им дадеме надеж на луѓето во Србија, дека можат да живеат нормално – рече претседателот.

Тој нагласи дека нема област во која Србија не постигнала напредок.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по завршувањето на протестот: Денеска не кренавме пендрек, имаше многу насилство

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април