Вучиќ: Ме прислушкуваат година и пол, ова е државен удар

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави дека бил прислушкуван во период од 18 месеци. Тој ова го потврди во интервју за српскиот “Курир“. Вучиќ вели дека има сопствени снимени разговори како доказ на тврдењето. Уште додава дека знае кој стои зад прислушкувањето.

Во интервјуто, Вучиќ вели дека прислушкувањето на претседател на држава е тешко кривично дело и претставува обид за уривање на државниот поредок. Тоа е државен удар вели српскиот претседател. Тој смета дека со темелна истрага целата приказна ќе добие епилог.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин денеска изјави дека работат на истрагата за овој случај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува

Вучиќ: Наскоро на опозицијата ќе и биде „отсвирен“ крај

Вучиќ: Нарушени се сите уставни права на студентите кои сакаат да студираат

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ