Вучиќ: Косово го сметаме за своја територија

Од:

Србија го третира Косово и ќе продолжи да го третира како свој составен дел, изјави денеска во Тирана премиерот на Србија Александар Вучиќ, јави Танјуг.

– Факт е дека не се согласуваме околу Косово и Метохија. Србија ќе го третира и ќе продолжи да го третира како составен дел, додека Албанија го третира Косово како независна држава, наведе Вучиќ.

Тој, на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, истакна дека Србија и Албанија, без оглед на различните ставови кон Косово, не треба да ги заоструваат меѓусебните односи, туку треба да ги почитуваат разликите и да изнајдат заеднички јазик.

Српскиот премиер посочи дека двата народи се соседи и така ќе останат, па затоа сите проблеми треба да ги решаваат со дијалог.

– Односот на Србија и Албанија е важен за Балканот. Односите секогаш можат да бидат подобри, потенцира Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ