Вучиќ: Ќе се борам масовните убијци да добијат најстроги казни

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за РТС изјави дека ќе бара најтешка можна казна за оние кои извршиле масовни убиства и оние кои ги вооружиле и им помогнале. Тој напомена дека нема директно да се меша во ништо, туку дека ќе се бори политички за сторителите на двете масовни убиства да добијат максимални казни.

Александар Вучиќ, кој денеска ги посети семејствата на жртвите од масовното убиство во Дубона и Мали Орашје, во Дневник РТС изјави дека разговарал со родителите кои изгубиле и син и ќерка.

-Единствено што можев да им кажам е дека како граѓанин и како претседател ќе барам најтешка можна казна за тој што го направил тоа и за оние што го вооружиле и што му помогнале – рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по завршувањето на протестот: Денеска не кренавме пендрек, имаше многу насилство

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април