Вучиќ ќе претседава со последната седница на неговата Влада

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска ќе претседава со последната седница на неговата Влада во својот мандат.

Тој вчера најави и дека за два дена последен пат ќе говори пред јавноста во улога на премиер на Србија.

Како што објави „Вечерње новости“, српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека тој со сигурност нема да биде мандатар за состав на нова влада.

Тој нагласи дека Вучиќ се уште не донел одлука за тоа кој ќе биде премиер, но е уверен дека тоа ќе биде личност, која на најдобар можен начин ќе ја предводи владата.

Стефановиќ истакна дека ќе му биде чест доколку повторно биде предложен за министер за внатрешни работи, пишува весникот.

Новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ ќе положи заклетва пред пратениците на специјална седница на Парламентот, најверојатно в среда, на 31 мај, со што официјално ќе почне неговиот петгодишен мандат на оваа функција.

До тој датум треба да биде познато и името на новиот премиер, бидејќи меѓу првите задачи на новиот претседател ќе бидат разговорите со кандидатот за премиерската функција.

Иако со месеци имаше шпекулации дека на премиерската функција ќе биде избран поранешниот министер за правда, Никола Селаковиќ, тој, според неофицијални информаци, ќе биде именуван за генерален секретар на кабинетот на новиот претседател, додава „Вечерње новости“.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Вучиќ: Во Лозница нема да знаат што да прават со парите

Горан Наумовски

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Катерина Ѓуровски