Вучиќ ќе биде носител на сите изборни листи на СНС на изборите во април

Од:

Лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ и актуелен претседател на Србија ќе биде носител на сите изборни листи на СНС, Даница Груичиќ на парламентарните, а Александар Шапиќ на белградските избори, кои на сите ниво треба да се одржат на 3 април, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова е одлучено на денешната седница на Претседателството и на Главниот одбор на СНС, на која, како што изјави Ана Брнабиќ едногласно е одлучено СНС на парламентарните избори да излезе со листата „Александар Вучиќ – заедно можеме се“, а прва на листата да биде Даница Грујучиќ.

– Вучиќ е носител на сите листи, ова е мотото под кое одиме на избори, ова е пораката за која се залагаме сите, бидејќи се што направивме во Србија, направивме заедно со народот, можеме да се гордееме со резултатите и покажавме дека заедно можеме да сториме сè за Србија да стане победничка земја, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Таа кажа и дека Грујичиќ е личност која е позната во Србија и која е најголемиот експерт во земјата и еден од најголемите експерти во Европа и светот.

СНС на денешната седница на Главниот одбор ја усвои и листата за претстојните парламентарни избори закажани за 3 април.

– Дури по 13, 14 место на листата доаѓаме ние од Српската напредна странка, меѓу кои ќе има многу нови и млади луѓе, истакна Брнабиќ оценувајќи дека тоа покажува дека СНС се бори за Србија, и дека изборите ќе бидат исклучително тешки.

Вучиќ во пресрет на седницата на претседателството и на главниот одбор на партијата посочи дека „чистки нема да има, туку ќе има промени“.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ