Вучиќ: Кетрин Ештон нема да биде мој советник

Од:

Српскиот претседател Алаксандар Вучиќ вечерва ги демантираше информациите што се појавија во некои белградски медиуми дека поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон ќе биде негова советничка.

Белградските медиуми објавија дека овој ангажман на Ештон бил и една од главните причини за нејзината денешна ненајавена средба со Вучиќ, само пет дена откако тој положи заклетва и официјално стана претседател на Србија.

Вучиќ во изјава за српската државна телевизија РТС потврди дека се сретнал со Ештон, која, како што рече. многу ја почитува како личност од која може многу да се научи, но ги демантираше наводите дека таа ќе биде именувана за негов советник.

– Не разговаравме за советнички ангажман, туку за различни теми, како што е состојбата на Балканот и европската перспектива на целиот регион, рече Вучиќ.

Британката Ештон беше висока претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност од 2009 до 2014 година. Во нејзиниот мандат почна и политичкиот дијалог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје

Николовски од Белград: Затоплување на политичките односи и подобрување на економската соработка со Србија

Предраг Петровиќ

Путин: Го очекуваме Вучиќ на форумот на БРИКС

Горан Наумовски