Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

Од:

Првичните резултати од вонредните парламентарни избори во Србија покажуваат дека СНС и Александар Вучиќ победиja во само три од вкупно 29 градови во Србија. Тоа се Врање, Лесковац и Прокупље.

Така, во Врање, СНС освои 53,19 отсто, додека „Студентската листа“ имаше 41,21 отсто.

Во Лесковац, резултатот беше тесен, па СНС освои 49,25 отсто, додека „Студентската листа“ добила 44,72 отсто.

Во Прокупље, тој сооднос изнесува 52,74 спрема 42,84 во корист на СНС.

Во сите други градови победи „Студентската листа“.

Првичните резултати изгледаат вака:

Белград: „Студентска листа“ 63,61% / СНС 31,95%

Јагодина: „Студентска листа“ 50,13% / СНС 36,44%

Бор: „Студентска листа“ 54,38% / СНС 41,02%

Ваљево: „Студентска листа“ 62,12% / СНС 33,38%

Вршац: „Студентска листа“ 56,30% / СНС 39,47%

Заечар: „Студентска листа“ 51,82% / СНС 43,05%

Зрењанин: „Студентска листа“ 56,21% / СНС 38,71%

Кикинда: „Студентска листа“ 47,15% / СНС 46,70%

Крагуевац: „Студентска листа“ 58,53% / СНС 35,87%

Краљево: „Студентска листа“ 54,50% / СНС 40,26%

Крушевац: „Студентска листа“ 50,20% / СНС 45,29%

Лозница: „Студентска листа“ 48,47%/ СНС 47,69%

Ниш: „Студентска листа“ 60,44% / СНС 35,51%

Нови Пазар: „Студентска листа“ 40,10% / СНС 19,61%

Нови Сад: „Студентска листа“ 63,80% / СНС 31,88%

Панчево: „Студентска листа“ 59,53% / СНС 36,58%

Пирот: „Студентска листа“ 48,92% / СНС 45,94%

Пожаревац: „Студентска листа“ 50,34% / СНС 44,93%

Прокупље: „Студентска листа“ 42,84% / СНС 52,74%

Смедерево: „Студентска листа“ 52,74% / СНС 42,57%

Сомбор: „Студентска листа“ 52,06% / СНС 41,62%

Сремска Митровица: „Студентска листа“ 50,21% / СНС 45,31%

Суботица: „Студентска листа“ 52,09% / СНС 35,36%

Ужице: „Студентска листа“ 61,36% / СНС 34,70%

Чачак: „Студентска листа“ 62,20% / СНС 33,97%

Шабац: „Студентска листа“ 54,50% / СНС 41,34%

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

„Радар“: БИА ги прислушувала критичарите на Вучиќ – под надзор биле студенти, опозиционери, синдикалци и обвинител

Вучиќ: „Студентската листа“ сака да ги укине сите традиционални вредности на Србија

А1он

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ го пречека Орбан во Белград: Ги изгубивме изборите, но не и достоинството и гордоста!

А1он

Вучиќ: СНС мора да тргне од сопствените грешки – особено кога станува збор за ароганцијата и надменоста кон граѓаните

А1он