Вучиќ им се поклони на жртвите од Сребреница

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ денека им се поклони на жртвите од Сребреница и положи цвеќе  во Меморијалниот центар во Поточари, јави Танјуг.

Цвеќе положија и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, и началникот на општина Сребреница Ќамил Дураковиќ.

Вучиќ во Сребреница присуствува на инвестициска конференција за помош на оваа општина во Реублика Српска.

Инаку, додава Танјуг, ова е втора посета на Вучиќ на Поточари, и покрај тоа што се уште не е завршена истрагата за нападот врз српскиот премиер и српската делегација, која таму престојуваше и на 11 јули.

Во и околу Сребреница преземени се високи мерки за безбедност, а подрачјето го надлетува и хеликоптер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси