Вучиќ и понуди муниција на Европската унија, реакција од Москва

Од:

Порпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна.

„Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ.

„Разбираме дека се врши невиден притисок врз Србија. Затоа ситуацијата таму не е лесна. Разбираме со какви проблеми се соочуваат Србите“, додаде тој.

Во интервју за германското списание „Цицеро“, Вучиќ рече дека на Европа ѝ е потребна муниција и потврди дека им понудил на своите пријатели во Европа договор да купат сè што има Србија, што го опиша како феноменален придонес кон европската безбедност.

Вучиќ истакна дека српските складишта за муниција се полни, со особено големи залихи од минофрлачки гранати. На прашањето за можноста муницијата купена од Србија подоцна да биде предадена на Украина, Вучиќ рече дека купувачите ќе можат да прават што сакаат со неа.

Тој додаде дека едноставно им се потребни долгорочни договори за да можат да планираат однапред. Тој повтори дека отсекогаш тврдел дека Србија е неутрална земја, но дека е апсолутно подготвена да соработува со европските пријатели во воени прашања и дека сега чека одговори од европските земји на нејзиниот предлог.

Во мај, Руската служба за надворешно разузнавање се пожали дека српските одбранбени компании, и покрај декларираната неутралност на Белград, продолжуваат да го снабдуваат Киев со муниција. Во текот на летото, Москва ги повтори обвинувањата, опишувајќи го проблемот како болен и за Русија и за Србија. После тоа, Вучиќ најави прекин на извозот на муниција.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Заедно со народот, се борев и ја кренав Србија од пепелта

Горан Наумовски

Европска верзија на планот на Трамп

ВИДЕО: Русија се сомнева дека Украина на мала врата се турка во НАТО, Зеленски не смее да дозволи да ги загуби САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Жесток руски напад на Харков, има мртви и повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изменет и преработен план за мир, САД уважи дел од барањата на Украина

Катерина Ѓуровски

Европа објави план контра американскиот: Има 24 точки и е прифатлив за Украина