Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, ја усвоија Декларацијата за исчезнатите

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска на почетокот на средбата ја прифатија изјавата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите.

„Заеднички се обврзуваме дека тесно ќе соработуваме за да ги идентификуваме гробните места и да ги следиме ископувањата, да обезбедиме целосен пристап до веродостојни и точни информации за да помогнеме во лоцирање и идентификување на преостанатите исчезнати лица во временската рамка од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година“, се вели во декларацијата објавена од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Двете страни го препознаваат прашањето за исчезнатите како хуманитарно прашање и се согласуваат за потребата од дополнителни напори за олеснување на ситуацијата за погодените семејства и пошироките заедници, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Од 6.056 лица кои исчезнаа на Косово во периодот од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година, 1.621 случај сè уште остануваат нерешени, а овие лица сè уште се водат како исчезнати. Декларацијата веќе беше договорена претходно и сега е само формално прифатена.

Вучиќ и Курти денеска започнаа нова рунда разговори во рамки на дијалогот за нормализација на односите што се води под покровителство на ЕУ. Многу потешка тема што е на дневен ред е прашањето за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово. Првиот нацрт на статутот на ЗСО ќе им биде претставен на двете страни, по што ќе следи дискусија.

Вучиќ пред средбата со Курти: Сите големи на Запад се против нас

Пред средбата со Курти, Вучиќ се огласи на Инстаграм со видео-снимка од авионот.

„Ќе биде тешко. Против нас се сите големи на Запад. Сепак, ние имаме право и правда на наша страна. Уште поважно од тоа, тие не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто можете да ја чувате и покрај сите притисоци. Да живее Србија“, кажа Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија