Вучиќ-Хил: Конкретен разговор за безбедносната ситуација на Косово

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, со кого имаше „отворен и конкретен разговор за безбедносната состојба на Косово и Метохија“, како и за можностите и предлозите на ЕУ за продолжување на дијалогот за нормализација на односите со Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ја укажав важноста на ангажманот на САД во спречувањето на понатамошни ескалации предизвикани од речиси секојдневните еднострани и незаконски потези на привремените институции во Приштина и ја повторив неопходноста од формирање на Заедницата на српски општини, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“.

Србија останува посветена на одржување на мирот и стабилноста, но исто така е и јасна во одбраната на својот народ и националните интереси, пишува во соопштението на српскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: Настрешницата не падна поради корупција

А1он

Вучиќ: Мојот став не е променет во однос на преодната влада, ниту улицата ќе го смени

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Среќен сум што го променивме ликот на Србија

А1он

Вучиќ: Секогаш сум за дијалог, затоа го нудам, разговорот е лековит, важен и корисен

А1он