Вучиќ: Гренел има идеја заедно со Америка да ја реновираме зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот

Од:

Денес, по средбата со американската делегација, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференцијата изјави дека специјалниот претставник на претседателот на САД, Ричард Гренел, дошол до идеја заеднички да се реновира зградата на Генералштабот и Министерството за одбрана на Србија, коja бешe оштетенa за време на бомбардирањето од страна на НАТО.

„Гренел ја соопшти идејата, разговаравме кратко за тоа, како заеднички да ја реновираме зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот. Тоа е важно и вредно, секако, зачувувајќи ги историските архитектонски форми, во согласност со фактот дека објектот е под заштита на државата и градот“, рече Вучиќ.

Зградата на Генералштабот на српската армија и Министерството за одбрана која се наоѓа во Белград е изградена помеѓу 1955 и 1965 година, а беше бомбардирана за време на нападот од страна на НАТО кон Србија во 1999 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски