Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави на Инстаграм по повод парламентарните избори во Унгарија и го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Не знам дали Виктор ќе изгуби или ќе победи. Само знам дека сум му бескрајно благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците. Без него, тоа пријателство не би постоело. И, да, каков и да е резултатот, благодарност на Виктор за сè и поддршка утре на изборите“, напиша Вучиќ.
Како што додаде, „ние Србите сме различни, бидејќи дури и да изгубиш, ќе бидеме засекогаш благодарни“.
