Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ одржа прес-конференција на која зборуваше за истрагата на Руската служба за безбедност (ФСБ) за употреба на звучен топ на протестите во Белград.

Како што нагласи Вучиќ, неговите колеги во вторникот го добиле официјалниот извештај на ФСБ.

„Штотуку е објавен на официјалната веб-страница, на Сигурносно информативната агенција. Ова е на оригиналниот руски јазик. Оригиналот, е на руски јазик. Заклучокот е, врз основа на добиените информации, станува збор за ФСБ, најпознатата скужба заедно со ФБИ, тие категорично наведуваат дека не користеле акустични уреди“, вели Вучиќ.

Исто така, Вучиќ рече дека за време на протестот не биле користени акустичните уреди, како што се емитерите, кои се во сопственост на полициските власти на Србија.

„Тие анализираа, се вршеше истражување во три насоки. Првата е проучување на техничките карактеристики на емитерите на звук LRAD, кои што ги поседува полицијата. Како второ, вршеа анализа на видеоматеријалите од местото на митингот каде што наводно бил употребен акустичен извор и под три оперативни мерки од страна на БИА во врска со распитот на припадниците на БИА, полицијата и медицинските екипи кои присуствуваа на митингот“, рече тој.

Посочува и како Русите користеле и експериментални методи.

„Тоа е фантастично моќна служба, ние не сме во можност да го направиме тоа. Тие користеа живи суштества за да ја докажат и потврдат својата теорија, но користеа кучиња, како што често прават во нивните експерименти“, објасни тој.

Би можело да ве интересира

Курти ги поддржа САД по нападот врз Иран: Тоа е наш пријател, демократска суперсила која треба да се поддржи

Вучиќ: Мислам дека Американците се подготвуваат за напад

Милановиќ: Израел е предводен од криминална клика, тие сакаат да го вовлечат светот во војна

Предраг Петровиќ

Легендарниот шампион Усеин Болт е првиот амбасадор на Експо 2027 во Белград

Хеликоптер се урна во предградието на Атина

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага