Вучиќ: Го намаливме нивото на афлатоксин во млекото

Од:

Првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ денес изјави дека млекото во Србија е добро и дека нивото на афлатоксин во млечните производи е намален.

Тој за „Б92“ истакна дека не знае колку е сега нивото на афлатоксин во млекото, но нагласи дека е намален и дека наскоро и официјално ќе биде пропишано дека не смее да биде поголем од 0,05 микрограми по литар, што е европски стандард.

Како што наведе, тие што тврдеа дека домашното млеко не чини, купуваа станови во Беч, а земјоделците поради тоа имаа големи загуби.

Владата на Србија на 28-ми февруари дозволи зголемување на дозволената концентрација афлатоксин во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми по литар.

Одлуката беше донесена откако на почетокот годинава во регионот и Србија беше утврдено зголемено ниво на афлатоксин во млекото.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани