Ако до 6 мај не се укинат таксите на српска роба, тогаш ќе биде одржана посебна седница на Главниот одбор на СНС по која ќе излеземе со мерки против Приштина.
Тогаш ќе бидат точно шест месеци откако Косово воведе такси на производи од Србија.
-И веднаш да им кажам на сите кои се научиле да ѕвонат по телефон и да се закануваат, немојте да ми вртите, нема да сум достапен, рече Вучиќ.
Тој ова го кажа на седницата на Главниот и Извршен одбор на партијата во проширен состав.
Според него, Германија и Франција на најавената средба во Берлин, ќе бараат признавање на Косово, но и кажа дека ќе бидат залудни сите притисоци и закани.
Како што рече, ќе разговара со кинескиот и со рускиот претседател во Пекинг, по што ќе оди за Берлин каде што го очекуваат тешки состаноци со лидерите на Франција и Германија.
-Таму не не чека ништо добро, единствено очекувам барање за почеток на разговори во некој нов формат, каде што би требало да биде и прознавањето на независноста на Косово, а Србија да не добие ништо, рече Вучиќ.
Ќе бараат да влеземе во разговори, а Албанците да не ги укинат таксите.
По цена, не по цена која треба да ја плати Србија, тука јас, нема да прифатам да продолжиме со разговор без да се укинат таксите, без разлика за какви и притисоци да се работи, рече Вучиќ.
Тој кажа и дека странците ќе ги поддржуваат внатрешните елементи во Србија за да ја слабеат неговата и позицијата на државата, со цел да дојде до признавање на Косово.
Српскиот претседател во неколку наврати кажа дека не постои услов кој ќе го натера да го признае Косово.