Вучевиќ од Нови Сад: Ќе инсистираме да се најдат одговорните

Од:

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, зборуваше од Нови Сад, каде денеска се случи тешка несреќа, кога се урна настрешница на Железничката станица.

„Еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад, голема трагедија за Нови Сад и за цела Србија, мое сочувство до семејствата на жртвите. Сакам да им се заблагодарам на сите спасувачи, пожарникари, полицајци, работници од комунални претпријатија, лекари, кои помагаат и се борат да спасат луѓе. Без разлика што се работи за зграда, настрешница која е изградена во 1964 година, ние ќе инсистираме да се најдат одговорните и оние кои мораа да се грижат за состојбата на структурата на зградата“, рече премиерот и додаде дека ова е црн петок за Нови Сад, за Србија.

Вучевиќ денеска испрати телеграма со сочувство до семејствата на жртвите од уривањето на железничката станица во Нови Сад.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања