Вучевиќ: Најавата на Курти дека со сила ќе ги отстрани барикадите е општа закана за Србите

Од:

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека најавата на косовскиот премиер Албин Кури дека по секоја цена ќе ги отстрани барикадите на северот на Косово е „општа закана за Србите, особено на оние кои живеат на Косово и Метохија, и закана за Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ за РТС оцени и дека тоа е и „јасна порака на Курти, дека не го интересираат човечки жртви, за да се отстранат барикадите“.

– Ваквата изјава е опасна затоа што покажува дека Курти не се откажува од спроведување терор врз Србите, насилство и постигнување на крајната цел – Србите да ги напуштат своите огништа. Курти сака да претстави дека само тие бариери се проблем, а дека сè друго е идеално, па кога тие ќе ги отстранат, без разлика колку луѓе треба да страдаат од едната и од другата страна, потоа се ќе биде идеално, изјави Вучевиќ.

Тој кажа дека до сега „немало никакви физички контакти и дека немало напади врз српската заедница“ и додаде дека Србите од северот на Косово 12 дена се борат за своите права блокирајќи ги патиштата.

– Србите на демократски начин се борат за своите човекови права и слободи, рече Вучевиќ.

Тој порача и дека Србија ќе направи „сè што е во нејзина моќ“ за да се надмине кризата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски