Времето истекува: Дали Хрватска може да ја реши макроекономската нерамнотежа?

Од:

Tportal.hr – Загреб

Хрватската економија со години бележи прекумерна макроекономска нерамнотежа која бара одлучни мерки на политиката за нејзино решавање. Наназад година дена на тоа не предупредува и Европската комисија барајќи конкретни акции, а посебно од аспект на решавање на структурните проблеми, спречување на експанзијата на јавниот долг и трошоците на јавниот сектор и создавање на услови за економски раст.

На актуелниот попис на макроекономски нерамнотежи водечко место зазема 1) преголемиот неодржлив јавен долг кој го следи висок буџетски дефицит, а дополнително тука се 2) претерана негативна меѓународна нето инвестициска позиција поврзана со голем странски долг на сите сектори, 3) слаби извозни резултати и низок удел на извоз во БДП поради ниската меѓународна конкурентност, 4) висок вкупен долг на приватниот сектор и 5) висока стапка на невработеност до посебно истакнат проблем кај невработеноста на младите и ниско квалификуваните лица. Во преткризниот период на тој попис требаше да се придружи преголемиот раст на цените на недвижнините и високиот дефицит во надворешно трговската размена, а иако наведеното денес не се истакнува како проблем, нивните претходни ефекти и тоа како се одразуваат на општата состојба на макроекономската нерамнотежа која уште многу години ќе го оптоварува хрватското стопанство.

Основниот проблем на Хрватска е недостигот на капацитети за економски раст. Во контекст на тоа треба да се гледа и релативно поголемите стапки на растот на БДП од 2002 до 2008 година, но кои не беа темелени на силата на економијата, туку на странско задолжување кое привремено овозможи монетарно-кредитна експанзија, јакнење на домашната валута, прекумерен раст на увозот, надувани цени на недвижнините и зголемен просечниот животен стандард на граѓаните, со истовремено изумирање на домашното производство, недоволен технолошки развој и ниска извозна конкурентност, раст на платите над порастот на продуктивноста на трудот и растечките трошоци на јавниот сектор кои го компензираа недостигот на перспективите во приватниот претприемачки сектор.

Странскиот долг на Хрватска се наоѓа на ниво од 100 отсто од БДП, што е дупло повеќе од 2000 година, т.е. е над 240 отсто од извозот. Најголем дел од странскиот долг се однесува на приватните и јавните трговски друштва, државата и банките. Притоа, исто како во случајот со домашното задолжување, кај странскиот долг главно кулминираа дејности кои продонесуваат за раст на увозот и неефикасно работење во дејностите кои не се предмет на меѓународна размена, додека само мал дел од долгот оди на субјекти кои се нето извозници и имаат приходи во девизи па економскиот систем во целина е високо изложен на валутен ризик, создавајќи морален притисок на централната банка да ја одржува стабилноста на курсот и недоволно ги користи каналите на монетарната политика.

Проблем на структурата на странските инвестиции

Во последните 15 години Хрватска привлече релативно малку странски директни инвестиции, додека далеку поголем проблем претставува нивната структура која доминантно ја вклучува активноста на банкарството, трговијата, работењето со недвижнини и телекомуникациите, т.е. не се работи за извозно ориентирани производни дејности, туку токму спротивното за активности кои придонесуваат за раст на задолжувањата, на увозот како и на конкуренцијата на домашното производство и вработеноста. Наместо со извоз и странски инвестиции во производните дејности, нашите девизи се доминантно кумулирани низ странско задолжување, најчесто на пазарот на еврозоната.

За тоа придонесуваа и периодите на експанзивниот карактер на монетарната политика на ЕЦБ чии ефекти (поради слободата на меѓународните текови на капиталот и сопственичката структура на банките во Хрватска) посебно доаѓа до израз до 2007 година, а повикот за ново задолжување е испратен и низ екстремно експанзивната политика на ЕЦБ во поновата историја. Меѓутоа, од аспект на можноста за ефтино и ново задолжување на државата, тоа истовремено го спречува спроведувањето на реформите во јавниот сектор, т.е. донесувањето на конкретни акции за намалување на расходите и реформите во вкупниот јавен сектор, иако може делумно позитивно да влијае на падот на каматите на јавниот долг.

Преку кредитите на домашните сектори, странските кредитори ги обезбедија своите идни приходи од камати, но поголеми профити од сопственичките инвестиции во хрватското производство очигледно никогаш и не очекувале. Можеби затоа што во неконкурентото стопанство нема што долгорочно да се генерира, а уште повеќе ако курсната и другите политики придонесуваат за неконкурентноста на извозот, домашниот пазар е премал за да биде интересен за инвестиции во идниот развој, но за странците и тоа како е поволно што од ден на ден се повеќе зависното стопанство кое купувајќи ефрина а често и неквалитетна странска стока, придонесува за вработеност во другите економии. Од друга страна, самите очигледно секогаш сме биле и останавем сиромашна земја, богата со природни извори но кои главно стојат неискористени; богата со памет и вредни работници кои ги извезуваме во странство откако нивните трошоци за школувањето ќе ги покрие државата (а иднината многу веројатно ќе ги покрие и нивните трошоци за здравствена заштита), на домашен терен останавме слаби со човечки капитал и неподготвени на долгорочни инвестиции во технолошкиот развој и преобликување на структури кои со години не влечат во пропаст.

Новите инвестиции го ограничуваат неповолното деловно опкружување кое не е само резултат на долгогодишната рецесија, туку последица на многу структурни слабости на хрватското стопанство и општество, кои последователно се одразуваат како на економската стагнација, така и на несредените јавни финансии и вкупната макроекономска нерамнотежа, вклучувајќи ги:

• Состојбата на правната несигурност и незаштитеноста на доверителите, за која придонесува ниската ефикасност на судството, несредените катастарски книги и скапите и долготрајни судски процеси кои го ограничуваат функционирањето на стопанството;

• Многу слабости на институционалната инфраструктура која поддржува нетранспарентност, претераната сила на локалните моќници, а создава и плодно тло за корупција и овозможува искористување на државните и општествените ресурси во корист на поединци;

• Политичко мешање во функционирањето на економијата и гломазен јавен сектор (администрација, институции, фирми), кои организирано ги оневозможуваат приватизациските постапки, а воедно придонесуваат за неефикасноста на економијата, подддржува политичка кадровирање со неповолни ефекти на работењето како во државните фирми така и кај нивните потенцијални деловни партнери од приватниот сектор;

• Моралниот хазард и внатрешната должничка криза кумулирани од ненаплатените побарувања меѓу сите сектори на стопанството, а чие долгогодишно нерешавање и актуелните постапки за отпис на долговите, предизвикуваат силни неповолни ефекти на доверителите и го намалуваат интересот за ширење на деловната активност во Хрватска;

• Високото оптоварување со даночните и фискални трошоци како последица на лошо раководење со јавните финансии, додека истовремено поттикнува отпор кон плаќање на данокот (расте сивата економија), а социјалните трансфери поттикнуваат неактивност и неучество на пазарот на трудот, како и предвремено пензионирање, поради што преживеаниот деловен сектор мора да биде натпросечно ефикасен и да финансира високи трошоци за пензискиот систем и здравството, додека од друга страна здравствената инфраструктура не се користи доволно ефикасно;

• Улогата на државата како голем работодавец кој со цена на трудот, стабилноста на работното место и заштитата на вработените поддржува ригидност на вкупниот пазар на трудот, но не го стимулира растот на продуктивноста, поддржува гломазен бирократски апарат, со претерана нормираност на целата економија создава тесни грла во функционирањето на државната администрација и пружањето на услуги на претприемачите, т.е. приватниот сектор, додека поради таложење на нерешливите предмети и комплицирани бирократски процедури поддржува ново вработување во јавниот сектор;

• Високиот вкупен трошок на трудот кој се прелева на работодавците иако истовремено генерира ниска просечна нето плата на вработените, додека во споредба со бруто трошоците на трудот во другите земји, Хрватска ја прави скапа земја за производство (иако во меѓународните споредби тој трошок би бил многу помал со послаба домашна валута, па барем дел од странските инвеститори би нашле интерес за производство во Хрватска, а преку меѓународни кластери за производство и извоз би нашле прилика за поширок пласман на хрватските производи);

• Неефикасност на системот за вработување и откази на пазарот на трудот, што ја намалува можноста за привремено вработување зависно од потребите на производниот процес, но и намалување на трошоците на трудот, согласно со падот на приходите на претприемачите, а дополнително одразува формална вработеност во фирми кои со години не остваруваат приходи и не се во можност да исплатат плати, а не пак отпремнини на работниците;

• Ниска стапка на активноста на работно способното население само 54 отсто, што Хрватска ја сврствува на претпоследното најлошо место во Европа, што во дел е резултат од неповолните демографски движења, стареење на населението, а во значителна мерка е последица на прерано пензионирање, лесна достапност на јавните социјални трансфери, како и високиот удел на сивата нерегистрирана економија, на пример во туризмот и градежништвото, но и кај сите други активности;

• Несоодветна образовна структура на невработеноста со очигледна неусогласеност на бараните и понудените вештини, поради што проблемот на невработеноста има структурен а не само рецесиски карактер, а посебно загрижува невработеноста кај младите вклучувајќи ги високо образованите лица при чие школување не е водено сметка за нивно идно вработување како ни со практични знаења кои им се потребни за да бидат поконкурентни на пазарот;

• Отпор кон реформи на производниот сектор во кој значаен дел се недоволно ефикасните гломазни државни фирми со монополистичка позиција на пазарот, прекумерната задолженост и прекумерната вработеност во дејности кои создаваат ниска дополнителна вредност, работат со загуби, го ограничуваат развојот на пазарната економија, а последните години поради се почести активации на државните гаранции придонесуваат за дополнителен раст на јавниот долг;

• Мал внатрешен пазар за пласман на стока со истовремено висока конкуренција на увозната стока, неконкурентен извоз и за извозниците дестимулативниот курс на куната кон еврото како валута на пазар со кои како членка на ЕУ се повеќе се интегрираме, додека поради ограничените капацитети за производство на стока имаме пониски шанси да конкурираме во извозот на пазарите на други големи стопанства, итн.

Потреба за поголеми и подлабоки промени

Иако моменталната комуникација на Хрватска со Европската комисија ЕК главно се однесува на потреба за намалување на јавните трошоци и ограничување на растот на јавниот долг (неговиот раст треба да се ограничи со Уставот), а има биди да се најдат решенија и на даночно ниво (каде ЕК веројатно би го фаворизирала даночењето на недвижнини и друг имот, иако треба да се зборува само за даночење на прекумерното богатство, земајќи ги предвид разликите меѓу имотот и обврските), излезот од макроекономската нерамнотежа бара далеку поголеми и подлабоки промени. Една од нив е враќање на дел на пензионираните лица во активно население, линеарно намалување на сите јавни трошоци 5 до 10 отсто, дефинирање на намален пакет на здравствената заштита која ја покрива државата со рационализација на користење на постоечката здравствена инфраструктура.

Иако укинувањето на ригидноста на пазарот на трудот има негативни последици во кус рок, на деловниот сектор е потребна поголема флексибилност во вработувањето и кај отказите, за на крај во долг рок да делува на растот на вработеноста. Откако со зголемувањето на личните одбитоци во дел се намали даночното оптоварување на трудот и се оствари одреден раст на нето платите (па со тоа и можност за потрошувачка кај дел од граѓаните), идниот чекор треба да биде укинување на даночната стапка од 40 отсто во даночењето на платите, но со задржување на номиналната плата на исто ниво (тоа треба законски да се дефинира) за да се намали трошокот на работодавците во дејностите кои можат да придонесат во создавање на поголема додадена вредност, но и да ги олесни трошоците на државата за лица со високи плати и да поттикне поголема деловна активност и слободен претприемачки дух на тие кои денес поради високото даночно оптоварување не се мотивирани за дополнителен ангажман.

Треба продолжување на приватизациските процеси за тие државни фирми кои не се од државен интерес, но со гаранција на новите сопственици за продолжување на производството, без нагло отпуштање на прекумерниот број на работници, или со понуда за заменски работни места за нивно вработување. И пред се, потребно е да се изгради силен извозно конкурентен сектор на стопанството со реиндустријализација на економијата, користејќи даночни бенефиции, ниската камата и други канали на можно влијание па дури и ако тоа во дел привремено ја нарушува општата концепција на слободата на пазарната трка, вклучувајќи посебни програми за финансирање на супституција на извозот и фаворизирање на домашното производство, т.е. потрошувачката на домашното производство. За се што е наведено потребни се големи структурни промени, но улога во тоа треба да имаат монетарно-кредитните канали кои поттикнуваат пад на домашните камати, а корист од контролираната депрецијација (до 2 отсто годишно, т.е. до 10 отсто во следните пет години), треба да гледаат во зголемување на извозот како единствен здрав извор на собирање на девизи и потенцијал за раст на економијата и можност за сервисирање на прекумерните долгови на сите сектори.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег