Враќање на задолжителниот воен рок во Србија – Ми дадоа убедлив аргумент за тоа, вели Вучиќ

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска претставниците на Генералштабот на војската на Србија и на Министерството за одбрана му презентирале „убедлив аргумент“ дека е неопходно да се врати обврската за служење војска и дека им наредил до 1 мај да му ги достават сите предлози на таа тема.

„Ќе видиме дали таа (воената служба) ќе трае 90 или 100 дена, или можеби 110 дена. Како и кога ќе биде, како ќе ги исполниме финансиските и логистичките претпоставки, ќе разговараме“, изјави Вучиќ по обиколка на касарната во Топчидер.

Тој рече дека до 1 мај очекува претставниците на армијата да ги достават сите предлози кои се однесуваат на воената служба и дека потоа во соработка со воениот кабинет и Владата на Србија ќе одлучи за ова и ќе го проследи предлогот до Собранието.

„Генералштабот и министерот за одбрана изнесоа убедлив аргумент дека треба да се врати задолжителната воена служба, но треба да се исполнат многу финансиски, логистички и други претпоставки. До 1 мај треба да ми ги достават сите предлози, потоа ќе седнам со воениот кабинет и со Генералштабот, со Владата на Србија и да видиме, ако има позитивна одлука, таа би отишла пред Собранието на Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ потоа објасни дека доктрината за целосна одбрана е дека народот е тој што ја штити својата земја и каде армијата е народот и „сите ќе мора да бидеме вклучени ако земјата биде нападната“. 

„Гледаме како да ги мотивираме луѓето за војска, а моралот во армијата е повисок од кога било. Сега имаме херои во вистинска смисла на зборот“, додаде тој.

На почетокот на месецов од министерството за одбрана потсетија дека задолжителниот воен рок во Србија никогаш не бил укинат, туку само бил суспендиран, што значи дека суспензијата треба само да се укине, а за тоа ќе се покрене широка јавна дискусија.

„Со цел зголемување на одбранбените способности на српските вооружени сили, преку подмладување и подобрување на пополнувањето и обуката на активните и резервните сили, Генералштабот на Вооружените сили на Србија, како највисоко стручно и штабно тело за подготовка и употреба на српските вооружени сили во мир и војна, покрена иницијатива и им предложи на претседателот на Републиката и на врховниот командант повторно воведување на обврската за воен рок на Александар Вучиќ од Војската на Србија, за рок до четири месеци“, наведоа од министерството за Одбрана. 

„После 13 години имаме потреба да ја пополниме резервата. Војската на Србија ја напуштија 13 генерации, немаше задолжителен воен рок. Нашите безбедносни потреби се да имаме нови регрути кои секогаш се подготвени да ја заштитат земјата. Тоа не е само потреба карактеристична за Србија, многу европски земји го активираат задолжителниот воен рок“, објасни министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

 

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Вучиќ: Разговорот со Трамп е голема чест и успех за Србија

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните