Вработен во ФК Партизан се обидел да се самоубие на стадионот

Од:

Работник вработен во фудбалскиот клуб Партизан од Белград денеска направил обид за самоубиство на стадионот на „црно-белите“ но бил спречен во последен момент од страна на свој колега, јавија српските медиуми.

Како што е наведено во информацијата човекот сакал да се обеси поради тоа што бил незадоволен од начинот на исплата на плата.

Тој бил во групата која пред некој ден штрајкуваше незадоволна од односот на управата кон вработените во Партизан.

По инцидентот на стадионот пристигнала полицијата и брзата помош и ситуацијата е вратена во нормала.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он