Возило со српски таблички се заби во куќа во Унгарија, седуммина мртви

Од:

Седум лица загинале, а четворица се повредени откако вчера доцна навечер автомобил со српски регистарски таблички се забил во куќа во Унгарија.

Автомобилот бил полн со мигранти јавува Ројтерс.

Возачот забележал дека полицијата ги проверува автомобилите во село во близина на границата со Србија. Се обидел за ги избегне полицајците, поминал покрај нив и продолжил да бега објавија властите.

Автомобилот во кој имало 10 мигранти и кој патувал за Сегед, потоа се забил во куќа и се превртел.

Полицијата соопшти дека возачот кој е повреден е приведен и против него ќе бидат покренати постапки за трговија со луѓе и за предизвикување масовна сообраќајна несреќа со смртен исход.

Би можело да ве интересира

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница

Возач загина на стариот пат Ѓавато-Тополчани

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он