Воведувањето визен режим од Косово почнува од 1. јули, а не од 1. јануари

Од:

 Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти денеска дека одлуката за воведување визи за граѓани од 87 држави ќе почне да се применува од 1. јули оваа година, а не од 1. јануари.

Министерството испрати соопштение откако одделни медиуми јавија дека воведувањето на режимот почнало на 1 јануари.

Меѓу државите чии граѓани треба да имаат влезни визи за Косово се Русија, Кина и Индија.

Портпаролот на МВР на Косово Артан Бехрами изјави дека одлуката за воведување визи ќе придонесе за зголемување на безбедноста на Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија