Откако рано утринава беше потврдено дека на северот на Косово биле нападнати косовски полицајци, од кои еден е убиен, нова драма се одвива во манастирот Бањска кај Лепосавиќ.
Како што информираат од Рашко-призренската епархија, според нивните информации, група вооружени маскирани лица со оклопно возило влегле во манастирот, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот.
„Во моментов во манастирот има група верници од Нови Сад, со свештеникот, игуменот Данило и браќата од манастирот. Заради безбедност, браќата од манастирот и поклониците се затворија во студентскиот дом. Заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и слушаат дека повремено е пукано“, наведуваат оттаму.
URGENT STATEMENT OF THE #SERBIAN #ORTHODOX #CHURCH (SOC) regarding the latest armed incident in North #Kosovohttps://t.co/9jL5wgpuFg
The Raška-Prizren Diocese (SOC) vehemently condemns the attack that took place this morning in northern Kosovo near the village of Banjska,… pic.twitter.com/GQN8bDeFTG
— Dečani Monastery (@DecaniMonastery) September 24, 2023
Оттаму додаваат дека епархијата најостро го осудува отвореното насилство што се применува во верскиот објект на СПЦ, повикувајќи ги сите страни што поскоро да го прекинат конфликтот.
Вооружена и се уште неидентификувана група отвори оган врз косовската полиција. За време на нападот, еден полицаец загина, а двајца се повредени. Косовскиот премиер Албин Курти овој чин го нарече терористички, а косовската претседателка Вјоса Османи за настаните обвини криминални банди од Србија.
Официјални извори се уште не потврдуваат дали истата група која уби еден и рани двајца полицајци е во манастирот.