Војската вклучена во гасење на пожарот на Стара планина

Од:

Припадници на копнената војска и хеликоптер Ми-17 на Воздухопловните сили се обидуваат да го изгаснат големиот шумски пожар на Стара планина и националниот парк Рила, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.

Во напорите за гасење на пожарот се вклучија и 21 припадник на воената единица за реагирање при елементарни непогоди.

Главниот комесар Николај Николов, раководител на Генералниот директорат за пожари и цивилна заштита, рече дека пожарот на Стара Планина зафаќа површина од повеќе од 4.000 хектари, од кои една третина на територијата на Бугарија, а остатокот во Србија.

– За среќа, пожарот се шири главно на пасиштата, а не кон шумите. Во гасењето се вклучени 150 Бугари и околу 200 Срби. Во тек е истрага за причините за избувнување на пожарот, рече Николов.

Началникот на секторот за вонредни ситуации на Србија, пак, Предраг Мариќ преку соопштение вчера информира дека нема загрозено население во пожарот.

– Напоменувам дека нема загрозено население, ниту објекти и дека на терен се сите расположиви средства и персоналот од Секторот за вонредни ситуации кој работи на локализација на пожарот, наведува Мариќ во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски