„Војниците“ на Беливук излегоа на слобода

Од:

Судијата на Специјалниот суд во Белград денеска им го укина притворот на четворицата обвинети членови на организираната криминална група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ. Укинат им е притворот на Борис Карапанџиќ, Милош Лукиќ, Владо Георгијев и Филип Ивановски.

– Оваа одлука го потврдува она што цело време го зборувавме, дека Милош Лукиќ е невин, сега е јасно дека одбраната е во право и дека не се точни наводите на обвинителството дека тој е оправдано сомнителен за делата за кои е обвинет. Сега ќе се бориме понатаму – изјави за Курир бранителот на Лукиќ, адвокатот Иван Гвозденац.

Да потсетиме, со одлука на судот, само Карапанџиќ ќе може слободно да се движи, а останатите на кои им е укинат притворот не смеат да го напуштат градот во кој живеат и мора да се пријават во полиција 15 дена.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он