ВИДЕО: Водениот бран стигна во Хрватска, почна евакуација

Од:

Водениот бран од Словенија во Хрватска е поголем отколку што се предвидуваше. Како што пренесуваат хрватските медиуми бранот би можел да достигне и  проток на вода од 3.000 кубни метри во секунда.

Реката Драва веќе се прелеа на неколку места и почнаа првите евакуации на местата на границата на Хрватска со Словенија. Поради водениот бран кој во текот на ноќва се очекува од Словенија на жителите од реонот на Вараждин им е предложена евакуација.

Хрватските медиуми пренесуваат дека на подрачјето на Вараждин веќе се направени насипи кои можат да издржат проток од 2.500 кубни метри вода во секунда.

На Дунав  мерките за одбрана од поплава се прогласуваат кога реката ќе достигне три метри, а сега нивото е на околу 2 метри.

Поради големите врнежи од дожд Словенечката агенција за околина прогласи голема опасност од поплави.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Дунав може да се излее во Виена, Австрија мобилизира војници, циклонот „Борис“ ја пустоши Европа

Пет лица загинаа во невреме во Романија

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Европа се подготвува за катаклизма, доаѓа циклонот „Борис“

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег